среда, 30 април 2008

Етичноста во оценувањето

Едно од првите нешта каде што децата се соочуваат со општествена неправда е неправедното оценување. Не сакам да го наречам корупција, затоа што често зад него стојат добри намери од типот “да му се помогне на некој ученик“, но намерите не можат да ја избришат неправичноста.

Доаѓа крајот на наставната година и учениците, родителите, роднините и пријателите ги активираат своите врски за добивање повисоки оценки од заслужените. Наставниците не можат секогаш да одолеат на тие притисоци, а некои и не сакаат. “Па добро, никој нема да изгуби ако некому му се подари оценка“, се оправдуваат. Дали е навистина така? На што таквите појави ги учат децата? За да успееш (во училиштето тоа значи да имаш високи оценки) не е битно сериозно да учиш, туку, доволно е да имаш врски, тоа е пораката. И така почнува да се формира однос кон работата, успехот, кон другите, кон етичноста.

Некој, може би ќе каже: Таков е животот, такво ни е општеството. Дали сакаме да ни биде такво? На повеќето тоа им пречи. Може секој од нас како наставник, директор, родител, ученик да направи мал чекор ова да се промени.

Во УСАИД Проектот за основно образование е изготвен Етички кодекс за оценувањето на постигањата на учениците, којшто е подржан од сите релевантни субјекти. Лесно е да се поддржи, тешко е да се примени. Во некои од пилот училиштата во компонентата: Унапредување на оценувањето во основните училишта во спомнатиот Проект се преземени активности за подигање на етичноста во оценувањето. Можеби и училишта што не се дел од овој Проект, исто така имаат високи етички стандарди кога е оценувањето во прашање. Сигурно знаете и наставници кои почитуваат високи етички вредности во оценувањето на учениците. Може би и вие сте работник во просвета, родител или ученик кој умее да се справи со неетичноста во оценувањето. Ако на обој блог ги споделите искуствата со другите ќе дадете уште еден придонес кон промовирање на вистински вредности. Дали ќе звучи како фраза дека нема големи промени додека секој од нас не направи барем своја мала промена во вистинска насока?

3 коментари:

Unknown рече...

Здраво ОЦЕНУВАЊЕ!
Исклулително сум среќен што за прв пат читам блог кој ја коментира и третира темата „оценување“ и тоа на македонски јазик. Се надевам дека оние што ќе читаат и коментираат се всушност оние кои прават чекот напред за позитивни промени. Оние кои не функционираат – во поглед на оценувањето на „традиционален македонски начин“ (ако на некој не му е јасно ќе го образложам во некој друг коментар).
Потполно се согласувам со ставовите на Горица.
Како член ИКТ компонентата сум пресреќен што и оваа компонента за оценување го воведе блогот како средство на комуникација, презентација и размена на идеи и искуства во однос на оценувањето.
Со надеж дека ќе читам уште многу вака убаво составени постови,
Васко

Анонимен рече...

Здраво Васко,
Ти благодарам на реакцијата.Јас се обидувам да ги поттикнам сите да не бидат реагираат јавно на работи на кои не се рамнодушни, како што е етичноста во оценувањето. Но ми се чини дека сум започнала Сизифовска работа. Адресата на овој блог до сега сум ја споделила со неколку стотини наставници што ги посетуваат семинарите за примена на Стандардите за оценување во основните училишта, а како што гледате речиси никој ништо не пишува. Кога зборуваме “оф рекорд“ сите наставници кажуваат дека не крајот на учебната година се во многу непријатна положба затоа што од нив се бараат само 5-ки, па тоа за што се залагале целата година (објективно и фер оценување) паѓа во вода. А офизијално никој ништо не презема. Па кој ќе ни ги реши проблемите ако не ние самите?
Учениците се повеќе “навлечени“ на блоговите, но на овој блог или не налетале или не сакаат да се „мешаат“ со наставниците и другите што официјално се занимаваат со образованието. Па ученици, ако си разговарате само едни со сруги, а не и со возрасните во образованието имате помалку шански да придонесете за подобрување на состојбите.

Анонимен рече...

Me interesira dali vo Eticki Kodeks za ocenuvanje (se obiduvam bezuspesno da go otvoram dokumentot no verojatno ima nekakov problem so serverot) e daden odgovor na slednovo prasanje: Kako nastavnik ocenuva pismena rabota na ucenik koj na krajot od casot e 'faten' so livce za prepisuvanje?
Odgovorot, smetam, vo golema mera ke im pomogne i na roditelite i na ucenicite , a i na nastavnicite.