четврток, 1 септември 2011

УШТЕ ЕДНА НОВА УЧЕБНА ГОДИНА

Ги прашувам децата од моето соседство и децата на роднините дали со задоволство тргнуваат на училиште. Најчест одговор е: “И така и така“. А наставниците што тие би одговориле?
Се сеќавам дека кога бев во основно училиште со многу радост ја чекав новата учебна година, но не и во средното.
Сакам на сите да ви посакам во оваа учебна година сите со поголемо задоволство да одите во училиште. За да биде така секој нека направи по нешто и нему и на другите работата и учењето да му бидат поинтересни и повозбудливи.
И многу успех на сите!

1 коментар:

Анонимен рече...

Здраво
Јас како наставник Ви одговарам на Вашето прашање. Толку ми беше задоволство бидејки ќе земам првачиња и дури синот и ќерката ми се смееа кога подготвував хамери и се радував на нив( како мало дете) Но за жал таа желба неочекувано ми ја уништија,на денот кога требаше да ги прочитам моите првачиња ми соопчтија дека сум тргната од централното и да одам во подрачно без никакво образложение.Работникот сегде може да постигне успех,само не е човечно и се чудам зар Вакви како мене не сме потребни.Но сепак се гордеам со мојата професија,оти моите генерации навистина го цеат мојот труд.
Поздрав Николетка Панева
http://www.youtube.com/watch?v=_nuHQGdp8cw&feature=related