понеделник, 29 септември 2008

ДАЛИ КОРИСТИТЕ ИНТЕРНЕТ РЕСУРСИ ЗА НАСТАВАТА

Им завидувам на наставниците од странство, особено на оние од англиското говорно подрачје. Со каков и да било проблем да се соочат во наставата може да си отворат интернет и, ако посветат извесно време на пребарување, ќе си најдат многу креативни решенија на проблемот (или за предизвикот како што попозитивно гледано може да го наречеме). Има се што им треба: теорија, примери на активности, инструменти за оценување, видео снимки од часови. Не мора се сами да измислуваат. Многу работи што други ги смислиле и функционираат може да функционираат и кај нив. Можат да функционираат и кај нас.
Навистина немам претстава колку наставниците кај нас користат интернет да ја направат својата настава и учењето на децата подобри, поинтересни, поефективни. Ги знам бариерите:
  1. јазикот - на македонски јазик и на словенските јазици што повеќето наставници ги знаат нема многу ресурси за наставата, а многу наставници не користат други странски јазици;
  2. достапот до интернет - поголемиот број наставници сеуште немаат достап до интернет дома и во училиште, или ако имаат тој е временски ограничен, дома - заради цената, во училиште - заради големиот број наставници и ограничените ресурси .

Од друга страна, некои од генерацијата компјутерски фрикови станаа наставници. Сигурна сум дека тие и за наставата користат идеи од интернет, а не само од ограничениот број учебници, најчесто застарени. Тие знаат англиски (и некој друг јазик), компјутерот им е поблизок од моливот и хартијата, пристапот до интернет им е дел од културата на живеење, дури и кога го плаќаат од скромната наставничка плата. Колку има такви?

И за да се “откријат“ добрите интернет страници за образованието треба време. Една листа на корисни интернет страници е дадена во прирачникот Примена на стандардите за оценување на учениците (http://www.pep.org.mk/mk/resursi/resursi.html ), а ви предлагам да ја посетите и следнава http://www.teacherstv.co.uk/ каде што имате видео снимки од часови, меѓу другите и со акцент на оценувањето.

7 коментари:

Игор рече...

Поздрав.
Користењето на Интернетот во наставата по математика не е нешто ново барем за нас од помладата генерација чии претставник сум, но тука имаме еден проблем со кој сум се соочил скоро секогаш а тоа е практично невозможноста тоа што ке го најдам да го применам во нашите училници, користам делови од она што ке го најдеме, пред се поради недостигот на опрема која владее скоро во сите училишта (не зборувам само за моето), листови како потрошен материјал а камоли за флипчарт хартија или табла за неа а уште помалку LCD проектор кој ако го има не е достапен за оној сто најмногу го користи, стои заклучен некаде "за да не се расипела ламбата оти таа била многу скапа".
Она што го гледам во скоро секоја трета училница од западот, кон кој така упорно одиме, за да развијат креативноста кај децата користа и интерактивни табли за кои ние можеме да сонуваме, една на примар кошта околу 2000$,
Но јас мислам дека наместо по 30 компјутери да имаше во секоја училница да донесеа по 15 и остатокот нека беше во таква или слична опрема, ке биде покорсно отколку да имаме комјутери на кои невозможно е да се стартува било кој математички пакет (под линуск напрсти се бројат математичките програми) исклучок се оние кои се базирани на Јава.
Како и да е со компјутер во училница ќе мораме сакале или не да се менуваме, ќе биде тешко но ќе успееме, барем се надевам.
Но да се вратам на топикот.
Да јас користам мноу интернет како ресурс за мојата настава. Лично имам вложено поприлично финасиски средства во купување на оние софтверски решенија за кои сметам дека ке ми го олеснат начинот на кој јас ја замислувам наставата по математика во иднина, но купувањето не го правем пред да се консултирам со моите колеги на сајтот кој секој наставник по математика мора да го има посетено http://mathforum.org каде потребно е да направите сопствен акаунт а да почнете да разменувате идеи и искуства (морам да напомнам дека тука редовно се одржуваат семинари на интернет по траење од неколку месеци, кои јас ги посетував и за кои имам искусво но ниту еден не успеав да го завршам од проста причина што предавањето се одвиваат во време кога јас бев на насава и не можев да учествувам со сопствени сугести а и тогаш кога можев бев спречен поради немањето Интернет).
Сега ќе наведам неколку ресурси сто јас најчесто ги користам како појдовна точка во мојата потрага по она што ми е потребно.
http://www.europa.com/~paulg/Paul.shtml на овој сајт ќе најдете математички ресурси корисни како за наставниците така и за учениците но и за едукаторите оние кои се задолжени за квалитетот на наставните планови и програми (советниците, инспекторите)
На наредната страна ке најдете се сто ви е потребно на едно место од презентации во Power point до коплетни планови за лекции и коментари од наставници кои ги испроблае часовите предложени таму http://www.ilovemath.org/ (моја омилена страна од повеќе причини) посетете ја за да се уверите.
Ако сакате да направите некој вид на истражување со вашите ученици морате да ја посетите оваа страна на кој можете да најдете многу примери за тоа како треба да изгледа еден webquest http://webquest.org/index.php како пример ќе го наведам следниот линк на кој можете да видете едно истражување на учениците за еден математичар по нивни избор за кој треба да направат едно истражување http://people.clemson.edu/~rlortz/edf315/WebQuest/Webquest.htm.
Ако сте заинтересирани за вакво или за слични истражување поврзани со историјата на математиката слободно посетете ја наредната локација на која ке најдете се што е поврзано со историјата на математиката која можете да ја пребарувате хронолошки на многу начини или временски или по континенти или пак доволно е да го напишете името на математичарот кој ве интересира и скоро работата е завршена http://www-history.mcs.st-and.ac.uk/index.html посетете го па дадете ми коменатри.
А за крај колку да напомнам дека немаме само материјали на интернет достапни на Англики јазик ќе ви ја дадам личната њеб страна на една наша колешка од хрватска на чија страна ке најдете комплетни часови и ресурси за користење и предлог програми и изработки за нив кои таа ги користела на часовите.
Нејзиното име е Dubravka Glasnovic а нејзината веб страва е http://www.hazu.hr/~duda/nastava.html.
За крај ги оставив неколкуте софтверски решенија (програми) кои ги користам како за време на часовите така и за нивна подготовка:
1.Cabri 3D за работи во простор i Cabri II за работа во рамнина за овие две програми можете да видете на следната веб страна http://www.cabri.com/
2. за пишување на математички формули ја користам програмата MathType во верзајата 6.0c која моќете да ја превземете од следната страна http://www.dessci.com/en/products/mathtype/?source=google&ad=trademathtype&keyword=math%20type&gclid=CPOkwO-Eh5YCFQtStAodljdgEw по истекот на пробниот рок програмата не истекува туку и понатаму можете да ја корисите (верувајте нама да најдете подобра програма од оваа)
3. Како програма без која не можам да го замислам мојот лаптоп е Algebrator 4.1 која можете да ја превземете од следната страна http://www.algebra-help.com/
4. The Geometer's Sketchpad за кој доволно е да ја посетите неговата веб страна и да видете дека за оваа пробрама најлесно ке најдете готови лекции на интернет и оваа програма се користи во најголемиот дел од американските, канатските и австралиските училишта http://www.dynamicgeometry.com/
5. за последнава понудена програма има многу добра бесплатна замена која ја има и на македонски јазик благодарение на една наша колешка која живее и работи во Швајцарија која го има преведено кодот за програмата а таа е GeoGebra http://www.geogebra.org/cms/index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=69&Itemid=56, убавината во оваа програма е тоа дека таа е изработена во јава и можно е да се користи на новите компјутери кои ќе ги добиеме, а исто така има цел еден сајт посветен само на неа на кој ке најдете се што ве интересира за програмата па дури и готови примери и сугестии како тоа било на часовите каде се пробало од некои наставници а сето тоа на страната http://www.geogebra.org/en/wiki/index.php/Main_Page
6. Никако не смеам да ја заборавам и веке легендата од математички програми а тоа е Wolfram Mathematica 6.03 http://www.wolfram.com/ која единствено ја работевме кога бевме студенти но тогаш таа беше премногу едноставна но наредбите скоро се исти а за можностите да не зборувам.
Има уште многу за оној што сака да работи.
За сите информации и помош Ве молам да ме контактирате на мојот маил bogdanoskiigor@gmail.com.
МОјот Веб сајт е во изработка па скоро и тој ќе биде готов.
Ви благодарам на вниманието.
Искрено,
Игор Богданоски.

Анонимен рече...

Здраво Игор,
Иако комунициравме по е-маил сакам и јавно да кажам дека ми е многу драго што има амбициозни наставници кои се иновативни и сакаат она што го работат да го споделат со другите.
Гледам луѓе го отвораат блогов, но не се инспирирани со нас да ги споделат своите мислења.
Што треба да се направи да бидеме повеќе учесници, а не само да се информираме?
Во секој случај ти посакувам успех!

Горица

GE-VI рече...

Здраво Горице и сите останати.
Можеби ќе звучам патетично, но морам да го искажам своето незадоволство, бидејќи во последните 2 години буквално се уназадува мојата настава. Уште пред 3-4години бев пример за иновативно користење на ИКТ а со тоа и интернет во наставата и тоа не остана незабележано. Часовите по географија беа хит а особено мојата секција. Одржав и неколку нагледни часови, а на еден од нив присуствуваше главниот координатор Серџо од Костарика.Но, веројатно забележавте дека сето ова го пишувам во минато време. Од пред две години новиот директор ја затвори медијатеката а за влез во лабораторијата по информатика немаме никакви шанси. Всушност, оваа година и немаме интернет во училиштето. Држев обуки на околу 50 наставници од две училишта како да го користат интернетот и општо ИКТ во наставата, а сега и тие што поднаучија по нешто го изгубија еланот за работа. Инаку приватно, секојдневно ги користам интернет ресурсите за да се подготвам за настава и да го анулирам овој хендикеп. Особено ми користи Google earth i microsoft encarta.
Исто так интересни податоци наоѓам и на македонската Wikipedia.
Се надевам дека наскоро некои работи ќе се променат па ќе имам повеќе можности за современа и интересна настава.
Сашко Стефановски.

Unknown рече...

Здраво на сите,

За почеток ќе се навратан на една од бариерите за кои Горица зборуваше во овј пост а тоа е *јазикот*.

Доколку некој од *постарата* генерација има јазачна бариера при користењето на интернет еве еден начин како да ја надмине.

1. Доколку си припадник на постарата генерација сигурно добро зборуваш српско-хрватски. Епа тогаш, не ти треба англиски, германки, француски, руски, јапонски и сл.

Посети го следниов линк:

http://translate.google.com

2. Во делот: Original text напишете текст на српски или хрватски...
(нема огранучување на должината на текстот)

- Под текстот изберете на кој јазик пишувате и на кој јазик сакате да го преведите овој текст. На крај кликнете на Тranslate

:) Сигурно забележавте дека десно ов вашиот текст имате негов превод на јазикот на кој ВИЕ одбравте да се преведи :)

3. ДОколку пак најдете Web страна за која мислите „согласно вашите скромни јазични вештини“ дека е ок за вас еве како да ја преведите!

- Копирајте ја адресата (URL)на страната која сакате да ја преведите на познат јазик.

- Копираната адреса залапете ја (или запишете ја) во полето под Translate a Web Page.

- Кликнете на Translate и автоматски вашата страна ќе се прикаже на јазикот на кој сакате да ја читате оваа страна (српски и хрватски се најблиски за нас).

Игор и Сашко...

Не очајувајте! Вие сте пионерите на користењето на ИКТ во Македонија. Можеби наскоро работите ќе се сменат и ќе тргнат на подобро.

Една работа е многу битна...

„РАБОТИТЕ СЕ ДВИЖАТ“

Толку од мене.
Поздрав,
Васко

Анонимен рече...

Васко,
Ти благодарам за “лекцијата“ од користење интернет. Ова не го знаев (како и многу други нешта поврзани со интернетот).
Проверив: функционира со хрватски и словенечки (не и со српскиот јазик). Додуша преводите се многу “чудни“ како да ги преведува машина (а машина ги преведува). Меѓутоа, може да послужат колку за ориентација дали на некоја web страна има нешто што може да ни користи или тоа не е она што не интересира.
Поздрав,
Горица

Игор рече...

кога сме кај преведувањето пробајте да ја искористите пробрамата babylon која мозете да ја превземете од следната страна www.babylon.com која има и и речници на хрватски и српски јазик кои мозат да се симнат и да се користат ofline значи и кога не сте на интернет. А ако програмата ви се допадне подржете ги авторите на тој начин што ќе ја купите.
Има уште една програма кој исто така ја користам а тоа е WordWeb Pro пред се поради нејзината едноставност и интегрираност со word.
Но и двете се прилично скапи, и нивното купување го оставам за некои подобри денови, сега засега ќе ги користам само по еден месец.
Поздрав.

Unknown рече...

Здраво уште еднаш,

Така е Горица. Преведува машина... но како што веќе спомена преводот (таков каков што е) може да ни помогне при селекција на ресурсот.

А што се однесува до други електронски преведувачи... сите чинат доста пари. И... никој од нив не продуцира лекториран текст.

Но не треба да се разочараме. Кога ние говориме на англиски сигурно звучиме смешно за они на кои тој јазик им е мајчин јазик, но... основната намена за користење на говорот (јазикот) е постигната. Без рзлика колку е тоа смешно или чудно ние одлично се разбираме. :)

Поздрав,
Васко