четврток, 6 ноември 2008

Учениците го учат тоа што наставниците го оценуваат

Начинот на оценување ги определува начинот на учење и содржините што се учат во многу поголема мерка одошто во прв момент сме свесни за тоа. Имајќи ја предвид важноста на оценувањето и влијанието на оценките врз напредувањето во образовниот систем, не е чудно што учениците “умно“ се прилагодуваат на она што наставниците го оценуваат. Ако наставникот бара да се меморира и да се репродуцира содржината, учениците така ќе ја научат, ако бара да се покаже како ученото ќе се примени во некоја автентична животна ситуација, учениците ќе настојуваат, не да ги помнат содржините, туку да наоѓаат ситуации за нивна примена. Ако се оценува главно со објективни тестови со повеќечлен избор учениците ќе учат “за тест“, ако се оценува почесто со есеи или проекти и со нивна одбрана учениците ќе учат како да покажат дека тоа може успешно да го направат. Она што не се бара кога се оценува, обично не го учат.
Оттука, последиците на одлуките за форсирање на една метода на оценување се поголеми одколку што во прв момент изгледа. Добро би било, како и во многу други нешта, да се примени народната мудрост: Два пати мери еднаш сечи. А не е секогаш така. Дури и на земјите со долга образовна традиција им се случува да учат на сопствените грешки. Така на пр. Англија, која со реформите во 90-тите години воведе екстерни тестирања на крајот на секој образовен циклус, се враќа чекор назад, напушта дел од екстерните тестирања и придава поголемо значење на автентично оценување и различити методи на формативното оценување (assessment for learning). Од друга страна, земјите во кои објективни тестови речиси и не се користеа ги воведуваат во своите системи на оценување. Понекогаш им придаваат преголема улога, на пр. во напредувањето на учениците, оценувањето на успешноста на училиштата.
Како ние да направиме еден избалансиран и објективен систем за оценување на учениците кој ќе придонесе за квалитетно учење не само за оценка туку корисно за живот?

3 коментари:

GE-VI рече...

Здраво Горице. Колку повеќе размислуваш на таа тема се е потешко. Но, ти во текстот веќе го кажа рецептот. ТРЕБА ДА ГО ОЦЕНУВАМЕ ОНА ШТО САКАМЕ ДЕЦАТА ДА ГО НАУЧАТ. Секој час, на секој можен начин, и се така до моментот додека на сите не им стане јасно дека учат за знаење. Јас оваа година се обидувам тоа да го постигнам со помалите деца ( петто одд.).Секако дека не е лесно, но засега сум оптимист. Тоа е една од придобивките на стандардите за оценување што ни беа пренесени преку семинарите на ПЕП.
Поздрав, Сашко -Кочани.

Игор рече...

Поздрав.
Навистина е точно дека учениците го учат она што од нив се бара но уште е побитен начинот на кој тоа од нив го побарува наставникот.
Но морам да каќам дека како што стјат сега работите основците се премногу оптеретени со наставни предмети и во одредени ситуации и смите кажуваат дека најдобро би било кога би престоиле во училиштето, затоа што таму се повеќе него дома, и дека немаат време се да постигнат аво онаа мера во која се бара од нив.
Но и за тоа има лек благодарение на обуките за оценување кои ги посетивме каде наставниците можат да изнајдат начин како да го извлечат максимумот од она што учениците го знаат или мозат да го научат.
Што се однесуваше до прашањето за тестовите и екстерното оценување јас сметам дека тоа нема значително да ја промени сегашната ситуација.
Во Велика Британија како што самата рековте сега се вракаат чеко наназад затоа што тие увиделе дека кај нив се било сведено на "too much 'teaching to test' in schools" учење за да се положи тестот. Увидувајќи дека тоа е погрешниот чекор тие се решиле дека дошло времето нешто да се манува.
Комплетниот извештај за она што се случува во образованието во Англија можете да прочитате ако ја посетите следната страна
http://www.ofsted.gov.uk/Ofsted-home/Publications-and-research/Browse-all-by/Documents-by-type/Thematic-reports/Mathematics-understanding-the-score од каде можете да го превземете извештајот.
Од овој извештај јас ќе одберам еден дел кој се однесува на математиката (но може да се примени и кај некои други ако не и во сите предмети).
Мое мислење е дека ние наставниците најдобро би им помагнале на своите ученици ако применуваме математика (или било кој друг предмет) во ситуации од секојдневниот живот или ситуации кои им се блиски и ги заинтеригираме истите да ги решаваат проблемите кои произлегуваат од таквите ситуации, Но како е кај нас?!
Она што се забележува е дека од учениците во најголема мера се очекува са меморизираат "методи, правила и факти" (кои стојат запишани во нивните книги и многу лесно можат да ги пронајдат кога ќе им потребаат, а ако се во ситуации од скојдневниот живот и ако сакаат да ја решат тие ќе немаат книги секогаш со нив)без нивно соодветно поврзување.
Се надевам дека со концепцијата на деветгодишно основно образование некои работи ќе се сменат (како на пример процесното планирање за VI одд)од која би произлегле нови наставни планови во кои ќе им се даде одредена слобода на наставниците кои ја реализираат програмата.
Да оставиме времето да го каже своете, но мислам дека мора да се слушне и насиот гас, оние кои ја реализираме програмата и насите прблеми а не семо да не ставаат пред сврсен чин.

Искрено,

Игор Богданоски.

Маја Виденовиќ рече...

Потполно се согласувам со Вас дека начинот на оценување го одредува начинот на кој ученикот ќе учи. Како екстерното оценување ќе влијае на сето тоа? Дали воведувањето на екстерното оценување нема да предизвика учење само за оценка, а не и за знаење? Дали форсирањето на тестот како метод на оценување нема да го ограничи ученикот во учењето? Или тоа ќе зависи од начинот на кој ќе се врши тестирањето? И колку ектерното тестирање ќе биде релијабилни? Прашања кои си ги поставува верувам секој наставник, а одговорот ќе дојде подоцна. Се надевам само дека последиците нема да бидат на штета на учениците. Сепак целта на секој од нас е учениците да стекнат трајни и применливи знаења, нели?