четврток, 6 мај 2010

Како влијаат обуките во Проектот за основно образование на сумативните оценки

Во текот на обуките за формативно оценување и за етичкиот кодекс во оценувањето учесниците се согласуваат дека поквалитетното формативно оценување, не само што придонесува за подобро учење на учениците, туку може да го олесни и сумативното оценување.
Имено:

  • наставниците прибираат повеќе докази за напредокот и постигањата на учениците;
  • се воспоставуваат усогласени критериуми за оценување;
  • учениците се вклучени во самооценување и взаемно оценување и имаат подобар увид во своите и постигањата на соучениците;
  • родителите се подобро информирани и
  • сите го прифатиле етичкиот кодекс во оценувањето.
Но колку тоа функционира кога ќе дојде крајот на учебната година? Некои наставници со кои сум во контакт велат дека оваа година притисоците на родителите се намалени и отпорноста на наставниците е зголемена. Затоа, оценките ќе биле поблиски до вистинските знаења на учениците, кои се повисоки или исти како минатата година. Други наставници и директори велат дека не може да одолеат на притисоците и дека пак ќе биде како лани. А какво е јавното мислење во врска со ова? Ќе го провериме ако одговорите на анкетата.

5 коментари:

Анонимен рече...

Како влијаат обуките за сумативното оценување. Кај кого како. кај некој позитивно, кај некој никако. Важно е тој е добар наставник дава високи оценки и ги задоволува посакувањата на родителите,кои не се свесни или се прават, дека необјективната оценка кога, тогаш ќе го даде својот резултат.Тешко се искоренува таа навика, но не кај секого.
Поздрав

Gorica рече...

Ами чаре?
Миже ли секој да направи барем мал напор оваа година, па ужте малку следната, па следната ... додека не ги доведеме работите до вистинска мерка.

Ви посакувам мирен крај на учебната година и да оддолеете на притисоците.

Danica Aleksieska рече...

Moze sekoj da napravi po nesto. Prvo: direktorite da ne im se nametnuvaat na nastavnicite so baranje za povisoki ocenki,
Vtoro: nastavnicite da si drzat do dostoinstvoto i da stojat zad veke utvrdenata ocenka (formativnoto ocenuvawe mu obezbeduva dokazi za drzenje na cvrst stav)
Treto: da se poraboti na zgolemuvanje na svesta na roditelite deka sumativnata ocena ne e samo zapisuvanje brojka vo dnevnik, tuku nesto mnogu poveke .....

Анонимен рече...

Навистина се претера во обуките .Се е во ред ,но пробајте да го качите СЛОНОТ НА ДРВО.Кога ќе успеет ,јавете се.
И јас овој викенд го посветив на /
сумативното оценувње,па се запрашав ЗОШТО?Кога проектот завршува во јуни.
Сметам дека нас наставниците не натоваривте со што треба и не треба ,само не со вистинското.Ние го изгибивме поимот ЧАС.
бАРАЈЌИ НОВИНИ во образованието ,СЕ ИЗГУБИВМЕ СЕБЕСИ ,и ерувајте ,кога влегувам на час се прашувам од каде да почнам(после 20 години работа во училница),награди ,пофалби со вреќи а сега се чувствувам беспомошно.Дали да отворам е -невник,компјутер,табла ,настани ливчиња,креда ,цд или........
Дозволете да бидеме креативни ,но СТЕП БАЈ СТЕП ,ОВА Е ПРЕТЕРАНО
Велат,, Додека го натерав магарето да не јаде тоа цркна,,

Анонимен рече...

Почитувана Горица!
Од притисоци ВЕРУВАЈТЕ,дали ке погодите
качив ПРИТИСОК
Искрен поздрав и ве молам малку растеретете не