вторник, 4 август 2009

ЗОШТО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПОСЕТИТЕЛИ НА БЛОГОВ?

Од како започна летниот распуст забележувам дека бројот на посетите на овој блог многу се намали. Причина?
(1) Или станува здодевен;
(2) Или наставниците се вистински на распуст (сметам дека тие најчесто го посетуваат овој блог);
(3) Или наставниците немаат интернет дома, а мозе ви ни компјутер;
(4) Или дома не можат да дојдат до компјутер од нивните деца кои, бидејки се на распуст, повеке го користат компјутерот.
Нејсе. Очекувам на есен да бидете поактивни. Ќе има компјутери и интернет во училиштата (се надевам). А ако ова што го пишувам не е интересно, предложете тема, напишете ваше гледање...

Убав одмор, каде и да сте.

Горица



1 коментар:

Unknown рече...

Здраво Горица и сите останати оценувачи :)

Мислам дека во сите точки за причините има по малку вистина (освен онаа првата).

Многу често наставниците или оние кои што ја следат содржината на овој блог,се доведуваат во ситуација да незнаат кога има објавено нов post т.е. тема за дискусија. Една од алатките кои ќе можат да се искористат за да се надмине овој проблем е користење на RSS Агрегатор. Google има еден таков, но јас го користам Netvibes. (www.netvibes.com). Што значи тоа? Секогаш кога ќе има нова содржина на блогот, агрегаторот ја регистрира и Ве известува во многу краток рок. Во една ваква ситуација нема да имате потреба да го проверувате блогот секојдневно... едноставно дозволете агрегаторот да Ве извести за промените!

Ако има некој што сака да проба а има проблем со техночкиот дел на мојот муабет... Слободно нека се обрати до Горица. Таа го има мојот маил. :)

Поздрав