четврток, 17 декември 2009

Иновативни училишта со (де)мотивирани наставници

Неодамна држевме средби со тимовите за професионален развој во училиштата. Промовиравме активности за Иновативни училишта што ќе ги подготуваат учениците да стекат вештини за 21-век (за подетални информации посетете www.pep.org.mk).
Сите убаво си работевме, се согласивме дека е важно учениците да ги подготвуваме за 21-век, век којшто веќе го живееме, се согласивме околку вештините што ќе им бидат потребни на учениците (во она мерка во која можевме футуристички да гледаме), не ни одеше лошо ни тоа како може во училиште да се развиваат вештините за 21-ви век (и покрај сите тешкотии со кој училиштата се соочуваат како услови, средства...)
И после, онака за крај, повеќе неформално, зборувавме дали постои расположение во училиштата за промени, со сето она што тие го претпоставуваат. Првенствено поголем ангажман на сите, повеќе позитивна енергија во работата, а главно без материјална стимулација на повидок. И тука, сета убава претходна атмосфера на работа на и за 21-век, најчесто спласнуваше. Би сакала присутните од училиштата погрешно да ја процениле ситуацијата.

1 коментар:

Ubavka рече...

Би сакала и јас погрешно да ја процениле ситуацијата, но тоа се само пусти желби, бидејќи реалноста е нешто сосема друго. И не е ова само песимизам и депресија (иако има и од тоа по нешто), туку реалниот статус кој го има денешниот наставник. Дали треба да ги обвинуваме оние кои „кренале раце“ а биле некогаш добри наставници? Како да се однесуваме кон оние кои никогаш не можеле или не сакале професионално да си ја извршуваат обврската?
Ова се прашањата кои ме опседнуваат некое време.Но и уште нешто... Кога последен пат се видовме со Вас дискутиравме за овие прашања, но и за тоа како (не) се прифаќаат проектите во училиштето воопшто. Прилично песимистички ви ја објаснував состојбата, дека многу е мал бројот на наставниците кои сакаат и можат нешто квалитативно да променат во својата работа, а поголемиот број директно одбиваат. Ако се сеќавате, ме прашавте, што е „чарето“. И ова ме „опседнува“ некое време. Тогаш, искрено, не знаев што да Ви одговорам. Може да се драстични решенија: или целосно да се откажеме да ги „тераме“ нешто да направат и да чекаме да си заминат во пензија, или присилно (со казни) да ги натераме да работат, како - така. Но, знаеме дека присилата и индолентноста не носат никогаш добри решенија, ниту кај децата, ниту кај возрасните. Па, што да правиме?
Ако ги погледнеме искуствата од поразвиените земји во вакви прилики, ќе видиме дека истите имаат скоро сличен систем на професионален развој каков што имаме и ние сега. Она по што ние се разликуваме е системот на контрола кој таму е беспрекорен, а кај нас скоро и да не постои. Дури и не се знае кој се е задолжен за контрола (следење) на работата на наставникот, а да не зборувам дека не постои начин некој да има консеквенции за своето неработење, а уште помалку награда за своето работење.
Кога сме веќе кај наградувањето. Овој пат наградени во училиштето ќе бидат ненаставните служби, а како што растат обврските согласно Законот за основно образование, процентот на зголемување на платата се намалува. Ееее... тоа е мотивирање за воведување иновации, ваков систем на наградување се уште немаат смислено во другите земји.