петок, 31 декември 2010

ВИ ПОСАКУВАМ МНОГУ УСПЕХ ВО НОВАТА ГОДИНА!

5 коментари:

Gorica рече...

Зошто никој не ми посакува нешто убаво во новата година?

GE-VI рече...

Здраво Горице.
Мислам дека ти пуштив меил за среќни празници, но еве уште еднаш да ја искористам приликава да ти посакам многу здравје и успех на секое поле.
Во врска со твојот коментар еднаш веќе пишував. Веројатно има наставници што го отвараат блогов, ама уште поверојатно е дека сепак сме си ,,сеирџиска нација,,.
Поздрав, Сашко Стефановски.

Султана рече...

Еве јас да посакам- Добро здравје, лично и на сите во семејството.

Анонимен рече...

Во Новата година Ви посакувам да се гордеете со нас наставниците кои ќе допринесиме во остварувањето на Вашата мисија.
Се надеваме на успех, а патот до успехот е преку јасната и цврста цел. Ништо не може да ја замени. Целта е вечниот предуслов на успехот.
Не е страшно, ако она што треба да го направиме денес, го одложиме за утре, страшно е, ако тоа не го направиме ни утре.
Поздрав Николетка

Gorica рече...

Многу ми се допадна тоа што го напиша Николетка. Би сакала да има многу наставници кои така мислат. А можеби има, ама си ќутат и си работат. Во сегашниов систем на вредности нема ништо лошо ако тој што е добар и самиот се “рекламира“. Порано беше подржувано да се биде скромен, да се чека некој повисок раководител да те забележи и предложи за напредубвање. Ако те забележеше добро, ако не ќе си чекаш.
Сега е во ред, ако некој што добро си ја работи работата користи разни начини тоа и да го покаже.Така за него ќе дознаат тие што не го знаеле, ќе можат нешто да научат од него, а наставникот којшто е пошироко познат, сепак има повеќе шанси да напредува. Во најмала рака никој нема да се прашува: “Од каде се појави сега, пак овој“.